Таа има 52 години и речиси нема жена која не сака да изгледа како неа



Ел Макферсон повторно ја украси насловната страница на списанието ELLE, Австралија и докажа дека и на 52 години изгледа во одлична форма. Супермоделот, познат по прекарот “Телото” позираше пред објективот на модниот фотограф Жил Бенсимон, кој всушност е нејзин поранешен сопруг.


Ел на јахтата ја демонстрира својата совршена фигура, облечена во облека на H & M, Marni, Calvin Klein, Sportmax и др.

Во интервјуто Макферсон зборува за бракот и работата со поранешниот маж, за кого беше мажена меѓу 1984 и 1989 година и кој всушност даде огромен поттик на нејзината кариера.


“Уште на почетокот на кариерата на модел знаев дека сакам да работам со Жил. Тој беше толку важен ментор за мене. Со него направивме некои многу силни фотосесии и слики со кои и до денес сум многу горда. “, изјави таа.

По разводот со Жил, Ел имаше долга врска со швајцарскиот бизнисмен Арпад Бјасон од кого има два сина.


Веќе три години убавицата е мажена за американскиот милијардер и хотелиер Џефри Соуфер.