Кога нивниот однос се продлабочил, Вил сè повеќе уживал во друштво на двете сестри, бидејќи Ешли не сакала да дозволи сега, кога има партнер, нејзината сестра да трпи поради тоа, па Вил немал друга опција освен да се помири со таквата ситуација. И тоа не му беше воопшто тешко, бидјеќи Хана отсекогаш била пријатно и забавно друштво, па со тек на време ја засакал како сопствена сестра.
Така функционирала нивната врска, која Вил и Ешли на крајот решиле да ја крунисаат со брак, а Вил тогаш се сетил какво изненадување ќе им приреди на сестрите.
Договорил фотографи, го пронашол најубавото место и на фотосесијата ги повикал двете сестри. Тие не знаеле дека тој спрема не едно, туку две запросувања.
Продолжува на следната страна:
Најпрвин, клекнал на колено и ја прашал Ешли дали сака да му биде сопруга. Секако дека таа одговорила потврдно. Тогаш, се свртел кон Хана, клекнат на колено, и ја прашал дали сака засекогаш да биде негова најдобра пријателка.
Девојката вриснала од возбуда и покажала големо воодушевување што воопшто е вклучена во таков посебен момент. Но, желбата на Вил да го одбележи обединувањето со својата сакана и нејзината сестра не завршува тука.
Вил со време сфатил колку Ешли значи за својата помала сестра, па дека тие тројца неминовно ќе мора да бидат цврсто поврзани цел живот. Затоа, големиот ден на венчавката им го посветил на двете. Малку е да се каже колку со тоа ги изненадил гостите, а најмногу својата најдобра пријателка Хана.
Во договор со свештеникот, после заветот за љубов до крајот на животот со Ешли, ја замолил невестата малку да се тргне на страна, бидејќи има уште една личност која Вил треба да ја праша нешто.
Тогаш пред олтарот застана Хана, а после големото прашање и нејзиниот воодушевувачки позитивен одговор, Хана морала да вети уште нешто. И тоа што го вети ја покажа сета цврстина на нивнито однос и пред сè, поимањето на Вил за нивната заедничка иднина и улоги кои во нивниот живот ќе ги имаат сите тројца.
Погледнете го видеото на следната страна:

Категорија: