Свесен си колкава будала правиш од себе? Сакај ја бе глуп, мотивирај ја …



Кога ја понижуваш пред други, тоа кажува многу за тебе. Дека си глупав, наивен и слеп, па не си ги видел сите тие нејзини “недостатоци” што сега се обидуваш да им ги покажеш на другите. У ствари, тоа кажува уште повеќе за тебе. Дури и да е стварно толку за никаде, со исправна мотивација жената може и планини да помести, а не па себе да се промени, ама ти си се покажал неспособен да ја мотивираш да го постигне тоа. Свесен си колкава будала правиш од себе? Сакај ја бе глуп, мотивирај ја. Освој ја. Само така ќе го извлечеш најдоброто од неа. Фати ја за рака кога идеш по улица а она целата свети од што е сакана и почитувана. Да видиш после како одма добиваш на вредност и ти. Цареви има да ти завидуваат.
—-
Колекционер 1-5
Сите пет дела – 999 ден
бесплатна достава низ МК
www.dragantanevski.com/нарачки