Многумина сакаат да ослабнат а не знаат дека клучот е во правилната исхрана и вежбањето, а не во изгладнувањето.
Со изгладнувањето и прескокнувањето оброци само добивате спротивен ефект,а со тоа го зголемувате ризикот од настанување дијабетес.
Комбинацијата на цимет и мед е многу здрава. Помогнува и при артритис, кардиовскуларни заболувања (ги чистат маснотиите од вените), можете да ги втриете на болните места, а можете да го јадете и’ како превенција на многу болести. Сепак, оваа комбинација е одлична и’ за губење килограми.
Состојки:
1 лажичка цимет
2 лажици мед
250 мл вода
Подготовка:циметот ставете го во вода што врие, а потоа тргнете на страна да се излади. Медот додајте го дури кога течноста ќе се излади за да не се загубат хранливите и лековити состојки.
Половина од ова количество треба да се испие наутро, на празен желудник и навечер пред спиење.
За само седум дена ќе забележите позитивни резултати.
Не заборавајте на физичка активност и здрава исхрана.
Сварете ги овие состојки и стопете ги мастите од телото!
Објавено на 07/19/2023