Свадбата на 2016та година: Слаѓана и Фарук „го споија“ светот



Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук ја направија свадбата која долго ќе се помни и прераскажува како една од најубавите било кога направени. Катар е земјата каде работата и љубовта ги спои овие две души. Слаѓана работи со медицинска опрема, а Фарук е доктор. Таа е македонка, а тој е од Египет. Својата љубов ја крунисаа првично во Катар и тоа на 1 декември( роденденот на Слаѓана), а потоа направија и свадба на Малдивите, пишува порталот Во бело.


Сите адети и традиции беа испочитувани, а свадбениот гламур е нешто што тешко може да се опише (фотографиите зборат се).