Супер храна за здрава и убава коса



Во следните редови ќе прочитате повеќе за храната, која го стимулира растот и одржува здравиот и сјаен изглед на косата.


Лосос, сардини и пастрмка

Кога станува збор за здравјето на косата од исклучително значење се протеините. Освен тоа, во лососот, сардината и пастрмката може да се најдат омега- 3 масни киселини и највредниот витамин D, кои се погодни за здравјето на скалпот. Пржената риба губи драгоцено од квалитетите. Експертите препорачуваат готвење на пареа.Пилешко месо и месо од живина


Уште еден начин да си го набавите потребниот протеин. Покрај тоа живината содржи цинк, железо и витамин Б12. Комбинацијата од овие корисни материи ќе го стимулира растот на косата и ќе ви помогне да го спречите прекумерниот косопад.

Леќа


Леќата изобилува со големо количество протеини. Покрај тоа во неа се содржат корисни материи како железо, цинк и биотин (витамин В7 ), кој го зајакнува не само структурата на влакното, но и на ноктите.

Јајца

Еден од најпознатите – најдобрите извори на протеини, тоа се јајцата. Но освен тоа, тие се богати со железо кој е од исклучителна важност за здравиот изглед на косата. Недостатокот на железо доведува до зголемен косопад.

Слатки компири, моркови и кајсии

Оваа вегетаријанска храна е богата со т.н. бета-каротин, кој телото ни го конвертира во витамин А. Витаминот А го фаворизира здравиот изглед на косата на клеточно ниво.

Боровинки

Крвните садови кои ги снабдуваат хранливите материи на фоликулите на косата во скалпот, имаат потреба од витамин Ц, а боровинките се одличен извор на витамин Ц

Спанаќ, зелка и брокула

Спанаќот е нарекуван супер – храна со причина, бидејќи е многу богат со различни корисни материи – витамин Ц, бета -каротин, фолна киселина и железо. Сите овие елементи го одржуваат здравјето на фоликулите на косата и скалпот.

Придобивките од зелката и брокулата се идентични .

Ореви

Оревите се корисни за мозокот и се многу добар извор на материи потребни за убава и здрава коса. Во нив се содржани биотин, витамин Е и омега-3 масни киселини, кои го штитат влакното од штетните надворешни влијанија.