Студирајте со стипендија од 50% до 100% од школарината на Меѓународниот балкански универзитет



Средношколците кои сé уште не одлучиле каде ќе го продолжат своето образование, имаат одлична шанса да се школуваат на еден од најдобрите универзитети во земјава – Меѓународниот балкански универзитет. И притоа да добијат стипендија која се движи од 50% до 100% од висината на школарината, во зависност од успехот постигнат во средното образование. МБУ веќе ја објави Програмата за стипендирање на идните студенти за академската 2023/2024, а сите заинтересирани за добивање стипендија можат да конкурираат до 30 септември.


Програмата за стипендирање на идните студенти на МБУ се базира на успехот остварен во средното образование. Според неа, целосна стипендија можат да добијат оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата. Стипендија во висина од 90% од школарината важи за оние со среден успех 4.90-5.00. За учениците со успех од 4.50 до 4.89 е предвидена стипендија од 80%, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 70%. Стипендија во висина од 50% можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.

МБУ којшто, според Шангајската листа на факултети, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето во земјата, на своите студенти им обезбедува современи студиски програми кои овозможуваат квалитет на образованието признаен на меѓународно ниво, наставни програми целосно на англиски јазик, меѓународно образовно опкружување со студенти од над 15 земји, кампус од светска класа во Скопје, динамична примена на Програмата за мобилност на студенти Еразмус+ и безброј можности за започнување на кариера веднаш по дипломирањето.


Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за осум факултети со 23 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерското инженерство, архитектурата, психологијата, банкарството и финансиите, графичкиот дизајн, јазиците, итн. МБУ, исто така, обезбедува стипендии што покриваат 90% од висината на школарината за студенти со просек од 4.50 и нагоре, кои се одлучени да се запишат на новите студиски програми за политички науки, односи со јавноста и маркетинг, управување со индустриско инженерство, градежништво, банкарство и финансии, Е-бизнис, психолошко советување и насочување.

Со оглед дека Универзитетот е акредитиран за додипломски и за постдипломски студии, оние кои успешно ќе ги завршат своите студии, можат да продолжат да се дообразуваат на студии од повеќе области. Всушност МБУ нуди 40 смерови за 1, 2 и 3 циклус студии.


Програмата за стипендии на МБУ за 2023/2024 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Стапката на стипендија важи и за Англиската подготвителна програма за кандидати кои го немаат потребното познавање на англискиот јазик.

„МБУ е место за средба на студентите од целиот регион, што го прави мултинационална, мултирелигиозна и мултикултурна институција. Ако го додадеме фактот дека Универзитетот е средина во која се комуницира, се предава и се учи на англиски јазик, тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека епитетот меѓународеннајдобро се вклопува во нашиот универзитет. МБУ има акредитирано програми за додипломски студии, како и за постдипломски студии и во согласност со трендовите во современото образование, нашите студиски програми се специфични и одговараат на денешните и идните предизвици“, велат од МБУ. 

Рангирањето на апликантите за стипендии ќе се врши врз основа на просечната оценка од средното образование.

Во изминатите 17 години повеќе од 1500 студенти имаат корист од програмата за стипендии и денес тие се висококвалификувани професионалци кои се вистински амбасадори на Меѓународниот Балкански Универзитет и неговиот модерен, квалитетен, фокусиран на студентите и ориентиран кон кариера образовен систем.