Студентка: Што не доаѓавте да снимате кога на -20 се туширавме со ладна вода, кога јадевме лебарки, кога ни врнеше снег …



Баш убаво што кренавте толкава узбуна па се исчисти ѓубрето во Пелагонија. Што убаво ќе беше да дигавте ваква узбуна и да доаѓавте да снимате секогаш кога на -20 се туширавме со ладна вода, секогаш кога јадевме лебарки, кога ни врнеше снег секоја зима и во собите, кога на минус температури ни ги земаа греалките и ни велеа дека ако ни е ладно да седиме во јакни, па кога на секој дожд ќе ни заврнеше и внатре, па кога се бркавме со стаорците низ собите или кога ќе имавме проблем па го саниравме сами.


Или кога ќе влегуваше секој којшто ќе посакаше во домот, пијани крадејќи не. Па моравме да бараме помош од полицијата зошто нели бевме премногу заштитени од надлежните во домот.

Што убаво ќе беше денес кога ја снимавте депонијата, на која ви текна после пет години, да снимавте и внатре, па да се згрозите уште повеќе од онаа на кое бевте згрозени. И не дека подржувам вакво нешто, далеку од тоа, но камо вие како медиуми толку да дигавте узбуна кога ние ги раскажувавме нашите проблеми поврзани со споменатиот дом.


И да, ѓубрето го исчитивте, а срамот на студентите остана, а сигурна сум дека и секоја ладна зима, секое преладување после туширање со ладна вода, секоја лебарка ќе останат засекогаш во нас – ете како нашиот најголем срам!