Струмичани го добија “Симбол”, новото омилено место за шопинг, дружење и уживање



Пред голем број на гости, со богата културна програма денес и официјално се отвори „СИМБОЛ” новиот малопродажен парк во Струмица.  Овој современ објект свечено го отворија неговите сопственци г. Кирил Гогов и г. Александар Ричлиев во присуство на градоначалникот г. Костадин Костадинов.


Изграден и организиран според највисоките стандарди за ваков вид на комерцијални објекти, малопродажниот парк „СИМБОЛ“ се очекува да биде повеќе од само дестинација за шопинг, и да понуди искуство кое ги спојува врвните брендови, модерниот начин на живот и забавата на едно место!