
Породувањето не е лесна работа и во најидеални услови, па замислете колку е тешко породување на 12.800 километри над земјата. За среќа, трудницата Нафи Диабу која била во 28. недела од бременоста, имала помош од екипажот на „Туркиш ерлајнс“ кога почнала да добива болки за време на летот TK538 од Конарки, Папуа Нова Гвинеја.
Според соопштението од авикомпанијата, Диабу почнала да добива контракции на висина од 12.800 километри. Стјуардесите забележале дека има болки и веднаш почнале постапка за породување во авион, со помош на неколку патници. Патничката родила здраво женско бебе и му даде име Кадију. Мајката и бебето биле префрлени во болница во главниот град на Буркина Фасо, Угадугу, веднаш по слетувањето.
Двете се во одлична здравствена состојба, пишува vrabotuvanje.com.mk.