Баба Олга од Скопје денеска живее во Дом за стари лица. Ја раскажува својата приказна како после толку годони се нашла таму. Таа сега има 80 години, а во домот е речиси пет години.
Се омажив млада, тогаш сите девојки се мажеа млади, не само јас. Со мојот сопруг не се запознавме сами, туку преку стројници.
Имав среќа, ми се погоди добар човек. Имавме убав и живеевме скромен живот. Имаме тројца синови и една ќерка. Сите сега се возрасни. Мојот сопруг почина пред 7 години. Имав убав живот се додека тој беше жив.
Господ ми подари 4 деца. Уживав додека тие растеа. Делев од себе за нив. Сите се факултетски образовани. Денеска имаат убава работа и земаа убави плати. Сите тие си имаат свои фамилии.
Ќерка ми се омажи во странство. Јас и мојот сопруг на сите тројца синови направивме посебни домови, куќи. Трпевме, делевме од нас, за да има за нив. Да имаат се најдобро.
Текстот продолжува на следната страна
Страни: 1 2