Спенџарска си најде нова работа! (Фото)



По престанувањето на ангажманот во утринската емисија на телевизија Канал 5, водителката Јелена Спенџарска повторно се врати пред камерите, но овој пат како водителка на кулинарското шоу „Вип сезона“.


Изминатата недела Јела за првпат се појави како домаќинка на популарната емисија чиј водител е Ване Маркоски, а дека и влијаело и повеќе од очекуваното, покажа со тоа што веднаш ги засука ракавите во кујна и подготви специјалитет од тестенини со спанаќ со кои се пофали на социјалните мрежи, пишува порталот Вистина.

-Одма се познава дека почнав во „Вип сеозна“. Таљатели со спанаќ погодени од прва. Значи од прва… за некој кој во кујната прави само кафе и смути. Џејми Оливер од денес доби опасна конкуренција… п.с цел рецепт на мојот Инстаграм профил, напиша Спеџарска.


spendjarska1 spengarska