Спектар од венчаници на вториот „ The Bridal Fashion Night“



Двоецот „Lidiya Georgieva&Zili “ со колекцијата „Шеќерна волна“ (Cotton candy) го отвори второто издание на „The Bridal Fashion Night“ , вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ во организација на Моден викенд Скопје. „Шеќерна волна“ е премиерна колекција настаната како производ на ексклузивна соработка меѓу дизајнерката Лидија Георгиева и модниот салон „Зили“. Составена е од рачно изработени коктел и венчални фустани во кроеви инспирирани од романтичната историја на Европа.


На втората ревија беа презентирани венчаници од „Emili Exclusive Design“ од Струмица за пролет/лето 2015 година. Веднаш по нив „Elizabet design studio“ кое опстои речиси две децении премиерно се представи со колекцијата за пролет /лето 2015 година наречена „Букет со камелии“. Од „Atelier Maria Antoinette“ публиката ја проследи ревијата со креации од колекцијата „Кралица на розите“ за пролет/лето 2015 година. Ателје „Ал Апарел“ ја прикажа колекцијата

„Рефлексија“ ( Reflection) низ која се провлекуваат форми и елементи инспирирани од фолклорот преточени во современ, модерен стил.


Страни: 1 2