Спектар од венчаници на вториот „ The Bridal Fashion Night“



Вечерта посветена на невестите ја затвори модната куќа „Менакон“ од Косово чии креации се достапни и во Македонија, во бутикот „Adora for You“ во Тетово.


Menakon (3)

На последната ревија „Nescafe Dolce Gusto“ подготви изненадување во вид на подарок- апарат за кафе за една од идните невести во публиката која ќе го фати бидермаерот . Пејачката Тања Царовска која долги години живее и работи во Лондон си замина дома со подарокот.


Креациите ги носеа манекенките од модната агенција „Подиум“ надополнети со накит од „Ристески“ кои со години рачно изработуваат уникатни парчиња од охридски бисери.

Oфицијален мејкап партнер на настанот е „Gosh“ а за фризурите се погрижи „Professional Trend up“ во соработка со фризерските студиа „Кул Кат“ и „Бубе Студио Ин“ .


Амбиентот го декорираа „Каталеја“ и „Casamento“.

Комплетно уживање и удобно возење на идните сопружници и овој пат им овозможи „Peugeot“ кое е официјално возило на ноќта посветена на венчавката како свечен чин.

Страни: 1 2