Спектакл на годината во Загреб и Белград: Simply Red на Belgrade & Zagreb Calling



Авалон продукција денес излезе со ново соопштение, во кое се вели: „Огромно задоволство ни е да Ве информираме дека еден од најдобрите светски мејнстрим бендови на сите времиња Simply Red ќе одржи два концерта во наш букинг и наша организација на 22 и 23 јуни во Загреб и во Белград. Концертите ќе бидат во рамки на нашите манифестации Zagreb Calling и Belgrade Calling festival.


Simply Red ќе настапат во рамките на светската турнеја, во која го промовираат својот најнов албум насловен „The Big Love“, а за време на двочасовниот настап во Загреб и во Белград ќе изведат Best Of програмa, со легендарните хитови: „Something got me started“, „Sunrise“, „Holding back the years“, „If you don`t know me by now“, „It`s only love“…

За настанот да биде уште поголем ќе се подгрижат специјалните гости Натали Диздар која ќе ги отвори вечерите и потоа извонредната загрепска група „Џинкс“.


Интресно е што Simply Red за прв пат ќе одржат свој концерт во Загреб и тоа на омилениот open air простор на загрепчани, култната Шалата, додека концертот во Белград ќе биде на комплетно реновираниот стадион Ташмајдан.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку глобалната мрежа на Евентим. Авалон продукција ветува дека за сите фанови на Simply Red од Македонија кои што ќе сакаат да одат на на концертите во Белград и во Загреб, ќе обедзбеди доволен контингент на карти за двата концерта.

Влезниците во продажба за Македонија ќе бидат пуштени преку продажната мрежа на Купи карти за се и онлајн на www.kupikartizase.com.


Како што најавивме претходно, првиот хедлајнер на Belgrade & Zagreb Calling ќе биде британската соул ѕвезда John Newman.“