Создавај човек и иднина, а не имитат на безвредности и бескрајна илузија



Се роди !
Го гледаш со срцето и се смееш ..
Мислиш сиот свет се неговите рачиња и тие крупни калеши очи ..
Расте, растеш и ти со него ..
Нека падне , остави го ..
Нека се испише се фломастерот по рачињата , нека јаде јаболко со гризење на кората , не блендирано ..
Нека игра со дечињата..
Училишно ѕвонче ..
Остави го само со другарчињата , замини и погледнувај го од страна , да не те види и забележи ..
Доби единица …Пофали го и речи му дека не бива : “војник без пушка и ученик без единица”.Таа единица ќе го направи силно дете и борец во иднина ..
Расте , веќе е тинејџер (ка)..
Ќе болат солзите , додека расте и созрева , но ќе произведат одговорен млад човек кој ќе знае што сака од животот ..
Ќе има дечко , девојка , разделба , излегувања ..
Факултет ..
Професорот ќе го има последниот збор во креирањето на младиот човек кој со празен (без банкноти ) индекс ќе положи и ќе ја добие својата заслужена седумка ..
И ќе стане човек -жена..
И ќе биде одговорен (на) за своите постапки и изборот во иднина ..
Научи го да биде борец , да биде воин кој вешто ќе ги крои своите чекори ..
Не создавај илузија од лажни вредности која постојано ќе ти стои обесена на врат и без твоја помош не ќе знае ништо да направи ..
Создавај човек и иднина , а не имитат на безвредности и бескрајна илузија ..


Автор: Оливера Ширговска