Создадоа спреј за силен оргазам



Земањето на хормонот окситоцин непосредно пред секс може значително да го интензивира оргазмот, открија германски научници. Истражување на Хановерскиот медицински универзитет потврдува дека внесувањето на хормонот ги зголемува пријатните чувства за време на секс.


Окситоцинот често е нарекуван “хормон на љубовта”. 

Во текот на експериментот, германските научници привлекоа 29 парови, од кои половината непосредно пред почетокот на љубовната игра, вдишувале спреј со окситоцин, а другата половина – спреј со плацебо.


По сексот, сите волонтери раскажале за чувствата и емоциите. Резултатите покажуваат дека употребата на окситоцин го зголемува квалитетот на оргазмот, правејќи го подлабок и поинтензивен. По земањето на спрејот партнерите се чувствуваат сексуално задоволни.