До совршена венчаница на вториот „ The Bridal Fashion Night“



Дамите кои се подготвуват да го кажат „судбинското Да“ ќе можат да го одберат својот совршен венчален фустан на 29-ти јануари на вториот „The Bridal Fashion Night“ кој ќе се одржи во скопскиот хотел „Александар Палас“ во 20 часот во организација на Моден викенд Скопје.


Вечерта посветена на идните невести ќе се состои од модни дефилеа во најновите колекции на „Lidiya Georgieva&Zili“, „Elisabeth design studio“, „Atelier Maria Antoinette“ , ателје „Ал Апарел“ , „Emili exclusive design“ и модната куќа „Менакон“ од Косово . Покрај венчаници на пистата ќе може да се видат и уникатни вечерни фустани.

Креациите традиционално ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“, официјален мејкап партнер на настанот е „Gosh“ а за
фризурите ќе се погрижи „Professional Trend up“ во соработка со фризерските студиа „Кул Кат“ и „Бубе Студио Ин“ .
Амбиентот ќе го декорираат „Каталеја“ и „Casamento“.


Комплетно уживање и удобно возење на идните сопружници и овој пат ќе им овозможи „Peugeot“ кое е официјално возило на ноќта посветена на венчавката како свечен чин.

Вашето омилено кафе е секогаш дел од убавите моменти па така „Nescafe Dolce Gusto“ подготви изненадување за идните невести кои ќе ги следат ревиите до самиот крај.


Оние кои сакаат да ги погледнат ревиите ќе треба да се пријават на официјалната Фејсбук страница на Fashion Weekend Skopje , со име презиме, возраст и период на одржување на венчавката.