Совети за нега во зима



Зимата веќе на големо чука на врата, а меѓу другото со себе носи студ и голема сувост во воздухот што штетно делува на оние делови од телото кои се изложени на надворешни услови. Еве неколку есенцијални совети кои ќе ви помогнат да останете негувани и убави и во зима.

Совети за нега на кожа Во текот на зимата кожата постанува многу сува. Затоа потребна е дополнителна нега од самиот почеток како кожата би се одржала здрава и со убав сјај. 

  • Користете густ хидрантен лосион по секое туширање, нежно масирајќи ги дланките, стапалата и лицето (за лицето пожелно е да користите билен лосион). Постои голем избор на квалитетни лосиони и креми на пазарот кои ги имаат токму овие карактеристики, но по мало истражување, веројатно ќе го пронајдете оној кој најмногу и одговара на вашата кожа.
  • Исто така, пожелно е да одите и на масажи со растителни масла, кои задолжително треба да ги правите после капење.
  • Еве и неколку рецепти за маски за лице кои ќе го задржат здравиот изглед на вашето лице и во текот на зимата.

Маска со банана

  • Состојки: Една излупена банана и вода од ружа
  • Припрема: Испасирајте ја бананата до состојба кога таа ќе изгледа како паста. Потоа помешајте ја со водата од ружа
  • Користење: Нанесете ја така направената паста на лицето и рацете. Оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте ги лицето и рацете со млака вода. Правете го ова регуларно, околу3 пати неделно. За многу кратко време ќе забележите дека вашата кожа повторно ќе заблеска.

Маска со бадем

Исто така може да користите и паста од бадеми која се припрема од бадеми и млеко. Регуларното користење и на оваа паста ќе допринесе за вашиот блескав изглед и во зима. Совети за нега на коса Покрај кожата, мора да внимавате да и дадете екстра нега и на косата која во зима премногу се суши.

  • Затоа, ви препорачуваме секоја вечер пред легнување да ја масирате со врели растителни масла. Кокосовото масло е едно од најдобрите, но може да користите и кое било друго со напомена тоа да е од бренд со испробан квалитет.
  • Исто така, не заборавајте три пати неделно да ја миете косата за да таа  остане чиста во текот на целата недела, со тоа што секогаш по миењето задолжително користете  балзам за коса.

Генерални совети за нега во зима 

  • Пијте 10-12 чаши вода на ден
  • Редовно конзумирајте го сезонското овошје и зеленчук
  • И мала физичка активност надвор или вежби ќе ве одржуваат во форма во текот на зимските денови кога сме попасивни. Исто така, добредојдено е и практикување на јога.
  • Секогаш користете производи за нега од брендови со добра репутација, бидејќи тие никогаш не прават компромис со квалитетот.