Совети од Цаци Паковска: Како да изгледате на вашата матурска вечер



,,Матурското Кралство продолжува, приказната која ги разубавува сите матуранти


 Во последното издание на Стилисимо, гледачите имаа можност да ја видат втората преобразба од серијалот ,,Матурско кралство”. Матурантот Матеј Димитровски од Скопје од СУ ,,Саба”, имаше можност да добие комплетна и бесплатна преобразба со што со себе понесе многу подароци од Скопје Сити Мол, како што се палтото од Пјер Карден, кошула од Тудорс, како и панталони и чевли од ЛС Вајкики. Цела таа среќа чини 12.000 денари, што е доказ дека и кај нас има соодветна понуда за сечиј џеб и вкус.

Приказната наречена  ,,Матурско Кралство ” продолжува во Skopje City Mall. Се’ започна од 19-ти, а ќе трае до 10 мај, каде што сите пријавени матуранти со помош на стилистот Цаци Паковска, ќе можат да го одберат комплетниот изглед ( облека, модни додатоци, шминка и фирзура), така што ќе се направи целосна преобразба и предлози за тоа како би требало да изгледаат за својата матурска вечер.


Следниот кастинг за Матурска преобразба ќе се одржи денес, на 5-ти мај во Скопје Сити Мол, во коридорот од страната на Плеј Кафе, од 18 часот и 30 минути до 20 часот и 30 минути.

Во овој период сите матуранти се подготвуваат за една од највозбудливите ноќи, вечер во која го слават завршувањето на своето средно образование. Кога се во потрага по совршениот аутфит, Скопје Сити Мол ги повикува сите матуранти да дојдат на кастинг за матурска преобразба и разубавувањето да им го препуштат на професионалци.