
Само си претпоставувам, никогаш нема да знам. Оние мали ситници што не сум ги завршила ќе ме налутеа многу, доколку знаев дека часовите ми се одбројани. Би била лута што не успеав да напишам неколку писма коишто ги планирав да ги напишам деновиве.
Би ми било многу жал што на мојот сопруг и родителите не им говорев доволно често колку ги сакам. Многу се трудам да не штедам, да не се воздржува, да не одложувам било што, што би ми донело радост и смеа во животот.
И секое утро кога ќе ги отворам очите, си велам себеси дека овој ден е нешто посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив е дар. Можеби нашиот живот се претворил во поинаква песна од онаа која смен си ја замислувале. Но, сè додека сме овде, и натаму можеме да танцуваме.“