Совети од дипл. Нутриционист Надица Илиевска: Храна која треба почесто да ја конзумираме доколку сме бремени 



Овие намирници имаат богатство од нутриенти кои овозможуваат добро здравје на мајките и правилен развој на бебињата:

ОРГАНСКИ ЈАЈЦА–  Јајцата се златен стандард за пренатален протеин, исто така се одличен извор на фолати, железо и холин. Холинот е есенцијален за  мозочен развој на фетусот, него го има во жолчката.

СЛАДОК КОМПИР – бататите се полни со билни влакна, витамин Б6, калиум, бакар и бетакаротен, многу е важно што лесно е дигестибилен и ја помага апсорпцијата на железо во организмот. Печете ги во лушпа.

ЈАТКИ– Полни се со добри масти и протеини. Имаат завидно количество на диетни влакна и магнезиум. Магнезиумот е многу важен за развој на нервниот систем на бебето а исто така ја спречува појавата на грчеви во екстремитетите кај идните мајки. Секако внимавајте на количините, јатките имаат голема нутритивна густина.

ЈОГУРТ– Јогуртот содржи повеќе калциум од млекото. Исто така содржи и протеини и Б витамини. Многу е важно одржување на доволни нивоа на калциум во организмот за време на бременост, доколку има недостаток, телото го црпи калциумот што му е потребен на бебето од коските и носи ризик од прерана појава на остеопороза.

ОВЕСНА КАША -Богатство на здрави протеини и витамин Б6, посебно е благотворна за идните мајки кои имаат проблеми со мачнина наутро и нагони за повраќање. Посебно е корисно да се користи за доручек,  дава енергија и смирува.

ТЕМНОЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК– Спанаќ, брокула, кале, брокула, рукола. Сите содржат богатство од антиоксиданси, витамини и минерали, најважна е фолната киселина која е неопходна за правилен раст и развој на плодот.

ЛОСОС– Лососот и другите морски риби се полни со Омега-3 масни киселини и квалитетни протеини. Во текот на бременоста треба да се зголеми вкупниот внес на калории. Рибите се одличен избор, затоа што во помалку калории имаат богатство на квалитетни нутриенти.

НУТРИЦИОНИСТ КОНСАЛТИНГ e советувалиште за здрава храна и исхрана. Стручен тим изработува нутритивна терапија и протоколи за исхрана за здрави и болни лица од сите возрасти. Применуваме посебни методи за одредување на нутритивен статус со испитување жива капка крв. Посебен акцент е ставен на индивидуалниот пристап кон потребите, стилот на живеење и работа на секој поединец.

ЛОКАЦИЈА – позади дирекција на МакПетрол до зелено пазарче. тел. 3201 025 и 078 221 044