
Овие намирници имаат богатство од нутриенти кои овозможуваат добро здравје на мајките и правилен развој на бебињата:
–ОРГАНСКИ ЈАЈЦА– Јајцата се златен стандард за пренатален протеин, исто така се одличен извор на фолати, железо и холин. Холинот е есенцијален за мозочен развој на фетусот, него го има во жолчката.
– СЛАДОК КОМПИР – бататите се полни со билни влакна, витамин Б6, калиум, бакар и бетакаротен, многу е важно што лесно е дигестибилен и ја помага апсорпцијата на железо во организмот. Печете ги во лушпа.
– ЈАТКИ– Полни се со добри масти и протеини. Имаат завидно количество на диетни влакна и магнезиум. Магнезиумот е многу важен за развој на нервниот систем на бебето а исто така ја спречува појавата на грчеви во екстремитетите кај идните мајки. Секако внимавајте на количините, јатките имаат голема нутритивна густина.
–ЈОГУРТ– Јогуртот содржи повеќе калциум од млекото. Исто така содржи и протеини и Б витамини. Многу е важно одржување на доволни нивоа на калциум во организмот за време на бременост, доколку има недостаток, телото го црпи калциумот што му е потребен на бебето од коските и носи ризик од прерана појава на остеопороза.
Страни: 1 2