Loading...

Совети од Д-р Лазаревски: 5 методи кои ја враќаат надежта за бебе


Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.

1. Assisted hatching

За да се имплантира ембрионот во матката мора да се ослободи од зона пелуцида, тенка обвивка која го опкружува ембрионот. Процесот при кој ембрионот се ослободува од зона пелуцида се вика „hatching“. Овој процес може да биде олеснет на тој начин што непосредно пред ембрио трансферот се прави те- нок отвор на зона пелуцида. „Постојат повеќе методи на ‘аssisted hatching’: механички, ензимски и ласерски. Наједноставен и најбезбеден начин е со ласер бидејќи постапката е многу брза и лесна, а со тоа на ембрионите им се овозможува помала изложеност на услови надвор од инкубатор. Во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ ја нудиме најсофистицираната техника на ‘аssisted hatching’ со ласер. Прецизен ласерски зрак се насочува на обвивката на ембрионот правејќи мал отвор помеѓу 10-20 микрони со цел да овозможи излегување на ембрионот од обвивката, ‘hatching’“- објаснува д-р Лазаревски.

Страни: 1 2 3