Солвео повторно се здружува со студентите, овој пат за ултимативниот бизнис предизвик 



Уште од самиот почеток целта на Солвео беше да се утврди концептот на домашен пазар (proof of concept) и доколку има позитивни резултати да се шири на нови пазари. Како и за многу други компании процесот на ширење се покажа како голем предизвик за Солвео.  Како дел од стратегијата за ширење на компанијата, тимот на Солвео одлучи да го употреби својот процес при решавање на сопствениот предизвик.


Предизвикот овој пат може да се претстави како ултимативниот бизнис предизвик, со кој секоја компанија се соочува. Како да се пронајдат, развијат и тестираат начини за проширување на Солвео на регионално и глобално ниво. За време на овој проект студентите ќе добијат ретка можност да и помогнат на локална компанија да се пробие во странство. Преку детално запознавање со моменталните практики и клучни вредности на Солвео, студентите ќе предложат стратегија и план за имплементација за креирање на скалабилен модел кој ќе му помогне на бизнисот да расте глобално.

Студентите покажаа високо ниво на професионалност и позитивна енергија на претходните натпревари. Тоа ја олесни одлуката да им се даде можност да го покажат својот талент и на овој многу тежок предизвик. Нивниот ентузијазам за работа е споредлив само со високото ниво на креативно размислување кое тие го покажуваат за време на натпреварот. Затоа како компанија која верува во талентот на студентите имаме доверба дека можат многу да ни помогнат во решавање на нашиот најголем проблем до сега.


За кого е наменет повикот?

Повикот е отворен за сите студенти – ентузијасти кои сакаат предизвици, сакаат да работат на реален проблем, и сите оние кои сакаат да научат нешто ново. Проектот е од времетраење од неполни 3 недели во 8 креативни работилници.


Зошто да аплицирате?

  • Искуство при работа на реален проект
  • Можност да работите со млада компанија
  • Можност да добиете парична награда и сертификат
  • Вмрежете се со професионалци, компании и студенти
  • Истакнете се пред потенцијални работодавачи

Детали за натпреварот

Проект: Како би можеле да ја понудиме, развиеме и прошириме услугата на Солвео на нови пазари?

Отворени места: до 20

Насоки на интерес: Е-бизнис, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија

Награда: 30.000ден. (бруто за победничкиот тим)

Компанија: Солвео

Локација: DOXcafe, ул. Пиринска 29 

Краен рок за пријавување: 19.02.2017

Линк: http://www.solveo.co/natprevarisolveo/

ПРЕВЗЕМИ ГО УПАТСТВОТО ТУКА!