Со задоволство би ја однел во библиотека. Со изговор. Да бараме книга…



Со задоволство би ја однел во библиотека.
Со изговор.
Да бараме книга.
Да се изгубиме во лавиринтите, да гледам во тебе. Колку навистина се трудиш да најдеш нешто што не постои.
Колкава фантазија си направила да ми помогнеш, а само сакам да видам дали вреди.
Нека помине сат. Два.
Што повеќе минути позади нас во потрага, се посилна ќе биде гушката на крајот.
Кога ќе земам рандом книга и ќе кажам дека ја најдов.
Кога веќе ќе не можам да чекам за да те бакнам, кога желбата ќе стане посилна од се.
Ќе ме победиш во мојата игра и ќе ми ја покажеш вредноста на се што сакам да ти поклонам.
Порази го мојот ум.


Автор: Дејан Велевски


Со задоволство би ја однел во библиотека.Со изговор.Да бараме книга.Да се изгубиме во лавиринтите, да гледам во тебе….

Gepostet von Velevski Dejan am Mittwoch, 15. April 2020