Пригответе си домашен тоник од магдонос, со кој длабиски ќе ја хидрирате кожата и ќе го стимулирате производство на колаген и еластин во кожата на вашето лице.
Пробајте го овој природни козметички тоник и сами ќе се уверите дека стрелките на времето можат да бидат забавени!
Потребни ви се три лажици ситно исецкан магдонос и 200 грама вода.
Варете го магдоносот во водата околу 15 минути. Откако смесата ќе се олади, прецедете ја и со помош на тоалетно памукче масирајте го вашето лице со течноста наутро и навечер.
Оставете така неколку минути и потоа исплакнете со млака вода. Магдоносот идеално ја освежува кожата и ги отстранува различните пигментации по кожата со што се добива порцелански и изедначен тен.