
Со само три лесни вежби од тренерката Џувл Елизабет, за само 4 недели дојдете до посилни, послаби и поубави нозе.
Секако, со вежбите ќе го зацврснете и задникот,а доволно е да ги правите сериите една по друга, па да ги повторите уште по 2-4 пати. Вежбајте 3-4 дена во неделата.
Енергетски клекнувања
Застанете со раширени стапала. Рацете истегнати нагоре, ширина на раменици.
Потоа клекнете со едната нога, коленото над скочниот глужд. Стапалото од задната нога свиткано, коленото кон подот. Во исто време енергично спуштајте ги и рацете пред себе, да бидат паралелни со подот.
Направете 10 пати со едната нога, потоа со другата.
Продолжете со другите 2 вежби, а потоа повторно вратете и се на оваа.
Клекнување со прекрстени нозе
На почеток стоите со нозете ширина на раменици, а рацете испружени на страна и паралелни со подот. Поставете ја десната нога зад себе со подигната пета, па потоа клекнувајте кон подот.
Вратете се на почетна позиција.
После 10 пати, повторете и со другата нога.
Гејша клекнување
Стоите со споени стапала и раце во позиција на молитва. Бутнете со колковите надоли и клекнете.
Внимавајте колената да не ја поминат линијата на ножните прсти.
Сега извртете се од струк и со десниот лакт допрете ја надворешната страна на левото колено.
Дланките нека се буткаат една со друга, за да се отвора градниот кош.
Вежбата е добра и за мускулите на задникот, за стомакот, но и за рацете.