Со овој трик куќата со денови ќе ви мириса преубаво! Гостите ќе бараат да им ја откриете тајната



Понекогаш не може добро да се проветри просторијата, особено ако сме готвеле некоја храна со силем мирис, или едноставно ако надвор има магла како што е вообичаено кај нас во студените зимски денови, пишува нмд.мк.


Па така, кога ќе се влезе во домот, особено кога се доаѓа однадвор, се чувствува некој чуден мирис на храна или непроветрено.

Голем дел од мебелот, завесите, теписите па и самите ѕидови ги задржуваат во себе непријатните мириси, па затоа вашиот дом колку и да го чистите, не мириса на чисто, свежо и убаво.


Во вакви случаи повеќето луѓе веднаш посегнуваат по освежувачи за пристории кои се еден вид на решение, но исто така, се и многу опасни за вашето здравје, бидејќи содржат хемикалии кои го зголемуваат ризикот од разни заболувања како што се астмата и ракот.

Меѓутоа, постои едно ефикасно и природно решение кое нема да ве чини многу а резултатите се совршено мирисни.


За да направите домашен освежувач на воздухот потребни ви се:

4 лажички сода бикарбона,

2 капки масло од лаванда и

3 чаши вода.

Се‘ што треба да направите е да ги помешате овие состојки во еден сад, па потоа течноста да ја складирате во чисто шише со распрскувач и да го користите по потреба.

Мирисот и свежината која ќе владее во просторијата ќе го воодушеви секој гостин.

Напомена:

Некои есенцијални масла не им се препорачуваат на бремените жени, па во тој случај се препорачува консултација со лекар