
Како што веќе сме запознаени, најслатките обврски од женската страна паѓаат на старосватицата. Доколку веќе ја дефинираме нејзината доделена титула, за неа може да се искажат зборови кои симболизираат длабоко и вистинско пријателство, взаемна доверба и приврзаност. Ова назначување е само почеток на една нова етапа од животот која ќе ве врзува со вашата другарка во текот на целиот живот. Комплиментот да се биде старосватица носи и свои „слатки обврски“, но од друга страна е и еден вид сведочење за вашиот карактер.
Колку што ја познавате нејзината надворешност , позната ви е и внатрешноста, и со тоа ќе и се најдете во секој неопходен момент при промена на расположението.
За мало олеснување МОЈДЕН со вас ги споделува основните обврски на секоја старосватица и ситуации со кои треба да се соочите :
Бидете константна поддршка
Давајте сугестии , предлози , заедно внесете се во невестинска авантура …совршениот фустан мора да е тука некаде!!!
Бидете искрени пред се, доволно долго се познавате за да можете да и кажете кога нешто навистина не ви се допаѓа ( секоја сугестија е добронамерна)
Бидете сигурни дека се е под контрола , изгответе мал список на обврски и маркирајте редоследно.
Направете ги сите подготовки околу моминската вечер ( бидете сигурни дека вметнувате елементи кои вашата најмила навистина ги сака)
Одбегнете ги сите клишеа … модифицирајте и бидете оригинални!
Никако не го заборавајте списокот на гости кои невестата ќе ги сака на својата забава
Бидете спремни околу сета организација со трошоци , резервација , поклон и останато .
Опуштена фото-сесија пред свадбеното лудило ;
Со фотографите изберете локација каде сакате да се фотографирате со вашата пријателка.Ве очекува незаборавна фото-сесија и спомени кои засекогаш ќе ги имате за себе.
Бидете опуштени , спонтани …бидете тоа што сте!
…А сега е време да се подготвиме за останатите обврски….
НИКАКО НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ
Вашиот список, никаде без него
Лични документи за идентификација
Свадбениот поклон
Свеќите за во црква
Финансии (неопходни за слики , црквени обврски …)
Материјалот купен за невестата
Вашиот мобилен телефон
…. дали заборавивме нешто ?
Уживајте во веселбата !