Слатки начини да му кажете дека сте бремена



„Бремена сум” е една од клучните фрази во животот на секоја жена. Дамите често се соочуваат со одредени потешкотии при пронаоѓањето на начин за кажување на најубавата вест на светот.

Ви нудиме неколку слатки начини да му кажете дека ќе имате бебе.

– Тестот за бременост може да се стави и под пазувите како термометар и да го замолите да види дали немате температура.

– Подарете му чисто нова маица со натпис “Ќе бидам најкул татко на светот”.

– Кажете му дека сте нашле нова работа со работно време од 24 часа на ден, 7 дена во неделата, без право на отсуство и боледување

– напишете го на замаглено огледало во бањата …

– Ако тој ги собира писмата од поштата, ставете плик со фотографијата од ехото.

– За вечера сипете му го неговиот омилен пијалок во бебешко шишенце.

– Направете го миленичето свој соучесник – закачете му плоча со натпис

– Оставете меѓу вашите чевли во ходникот и пар бебешки обувки.