Сладок како тато: принцот Џорџ и принцот Вилијам



princ1Да се ​​родиш во семејство на благородници е судбина која многу малку деца во светот ја имаат. Но принцот Џорџ, првенецот на војводата и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и Вилијам, кој на 22 јули ќе наполни 2 годинки, е токму еден од овие специјални исклучоци.


Не можеме да одречеме дека принцот Вилијам бил сладок не само како мал, но и денес, исто така е посакуван од многу жени во светот, иако веќе е семеен. Не само поради благородничкото потекло и фактот дека е принц, туку и поради тоа што е шармантен, добро образован и работи како пилот.

Според извори од кралскиот дворец Вилијам дури се откажал од целата годишна пилотската плата (40 илјади фунти) во корист на добротворната организација East Anglia Air Ambulance во која почна со работа.


Ние сме сигурни дека еден ден и малиот Џорџ ќе се претвори во еден прекрасен млад човек кој ќе биде сон на милиони жени на планетата. И исто како татко ќе биде одличен пример за господин, сопруг, татко и професионалец.