Слабејте во кревет – мисијата е возможна!



Од пред извесно време се трудиш да ги промениш своите навики на подобро (си почнала да одиш на фитнес, се храниш здраво и не пиеш алкохол во текот на неделата) и сето тоа те прави многу среќна. Меѓутоа сепак, вагата на крајот го кажува своето.


Па, ако ви кажеме дека пропуштате нешто многу важно? Според специјалистите, 120 хормони остваруваат контрола врз апетитот и начинот на кој тие комуницираат меѓусебно.

Различни студии откриваат дека по непроспиени ноќи или неквалитетен сон луѓето обично се будат многу гладни (и претежно чувствуваат потреба да јадат храна богата со јаглени хидрати).


” Спиењето е многу важен модулатор на невроендокринната функција и апсорпција на глукозата од клетките. Загубата на спиење може да доведе до нарушувања во метаболизмот ” , вели Марија Евхенија Кастро, специјалист – нутриционист во HospitalItalianoв Буенос Аирес.” Покрај тоа, недостатокот на многу часови спиење, води до води до нагли промени во нивоата на грелин во телото, хормон кој го стимулира апетитот “, тврди тренерот. 

И за крај, ако замените еден час пасивна активност (како на пример гледање на телевизија ) со еден час сон, може да го намалите за 6% дневниот внес на калории. Тоа значи за да спиете повеќе, најверојатно ќе треба да го промените своето секојдневие, но здравјето и телото твое ќе ти бидат благодарни за тоа.