Скршивте огледало? Еве што треба веднаш да направите



Огледалото е мистичен предмет и многумина веруваат дека е натоварен со енергија. За него има различни верувања и суеверија – едни поприсутни, други – не сосема.


Огледалото е предмет кој секогаш е натоварен со мистични и магични моќи. Едни го нарекуваат тунел кон друг свет, за други огледалото е врата која може да се отвори во двете насоки. Затоа огледалото бара посебен однос и почит.

Околу скршеното огледало има најмногу суеверија и верувања. Најраспространето е дека скршеното огледало носи 7 години несреќа (или несреќна љубов). Според празноверието не треба да се гледа во парчиња од скршено огледало, бидејќи тоа ќе ви донесе дополнително лоша среќа.


Кога ќе се скрши огледалото, задолжително треба да се соберат парчињата со некое марамче или крпа, но никогаш не ги допирајте со раце. Обидете се да ја тргнете лошата среќа откако кажете напамет или на глас дека скршеното огледало ќе го однесе со себе некој сериозен проблем. Користете ја моќта на позитивното размислување. Потоа заврзете ги парчињата во крпа и фрлете ги веднаш.

Потоа измијте го лицето и рацете под млаз вода, мислејќи на позитивни нешта.


Никогаш не се гледајте во огледалото, кога сте тажни или солзи. Се смета дека огледалото ќе ја врати лошата енергија, и засили при следното погледнување на човекот. Ова може да предизвика замор, слабост, дури болести.

Според најраспространетите суеверија, ако човек се смешка на огледалото, тоа ќе му донесе успеси и позитивни емоции.

Мора да бидете особено внимателни со старите огледала. Ако во нив се погледнува зол човек, огледалото ја задржало сликата и енергијата може да ви се врати на вас. Во такви ситуации имате 2 избори. Едниот е да го измиете огледалото со света вода и да запалите свеќа од црквата пред него за неколку минути.

Според фенг шуи најсоодветно место за огледалото дома е до влезната врата. Така спречувате негативната енергија да влезе во вашиот дом, а позитивната да излезе.

Ако сонувате огледало, тоа е сигурен знак дека наскоро ќе ја најдете големата љубов.