Скопските улични музичари со рок свирки до крајот на месец септември



Вчеравечер на Плоштад Македонија во 20:00 часот беше отворен настанот „Скопски улични музичари со рок свирки“. Настанот го отвори добро познатиот музички состав „Марлон Брандо“, кој ја развесели атмосферата на минувачите.
Вечерва на истата локација настапува блузерскиот состав Онија Блузерине со кои го продолжуваме со ова музичко освежување и забава под отворено небо за сите генерации.

Tрадиционалениот настан „Скопски улични музичари“ во организација на Конгресниот центар А.Македонски (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје, и оваа година продолжува со настап на рок бендови во летниот период.

Бендовите ќе настапуваат секој петок и сабота од 20:00 часот на плоштад Македонија се до крајот на месец септември.

DSC_0209