СКОПЈЕ ГОРИ со PAUL VAN DYK се сели на стадионот АРМ во Градски Парк!



На годинешното издание на фетивалот СКОПЈЕ ГОРИ 2015 оваа година како headliner ќе биде еден од најголемите DJ-и на
сите времиња PAUL VAN DYK ќе се одржи на стадионот АРМ во Градскиот Парк во Скопје.


Бидејќи сепак се работи за електронски настан како и поради самата должина на целиот фестивал, одлучивме овогодинешниот СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ да ја промени својата традиционална локација Скопско Кале и да се пресели во
Градскиот Парк на стадионот АРМ.

Како што знаете на Фестивалот Скопје Гори досега настапиле едни од најголемите музички имиња како Massive Atack, Billy Idol, Hurts, Orbital, Public Enemy ….. оваа година на звучната листа на светски изведувачи ќе се запише и Paul Van Dyk кој во склоп на својата светска турнеја, го промовира својот нов албум кој е продолжение на неговиот
најуспешен албум „The Politics Of Dancing 3“.


Влезниците по цена од 600.oo денари се веќе во продажба и можете да ги набавите преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе како и online на www.kupikartizase.com. , додека на врата цената на влезниците ќе биде 800
денари.

Фестивалот СКОПЈЕ ГОРИ 2015 е на 16ти Јули во Градски Парк, Стадион АРМ – Open Air