Скопјанецот Кристијан Станковски на својот Инстаграм профил сподели порака, на која пишува дека една година е без злокобната болест – ракот.
-Овој картон не е ставен за да ме жалите… Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење досега! Да не губите надеж никогаш… Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите)- вели Станковски во пораката.
Животот е многу краток, вели тој, денес сте тука утре ве нема…
-Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас??? Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете… Само здравје!- напиша Станковски.
View this post on Instagram