Скарлет Јохансон – заштитно лице на козметиката на D&G



Американската актерка Скарлет Јохансон, освен по својот актерски талент, позната е и по својата исклучителна убавина. Таа уште еднаш стана заштитно лице и тело за декоративната козметика на Dolce & Gabbana.


Токму од таа причина беше снимен новиот промотивен спот во кој Скарлет Јохансон се појавува во разголено издание покрај скулптура на жена, покажувајќи дека нејзиното тело достојно парира на идеалната телесна убавина на кипот.

И покрај тоа што се гледа само дел од него, евидентно е дека нејзиното тело е во одлична форма и Скарлет навистина има со што да се појави. За повеќе детали, го имате видеото.