
Периодот на стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови што значи најава за зима и озбилен снег и понатаму нема на видик.
Исто така во следниот период ќе недостасуваат и врнежите како од дожд така и од снег (сушен период).
Од петок како и за време на викендот поради продор на топла воздушна маса ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето во Македонија со што температурите на повеќе места ќе се искачат над 1-тиот степен.
На некои места особено во централните и југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и до околу 17 степени.
Очекуваните температури ќе бидат повисоки од просечните за 5 до 7 степени.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!