Сите ми викаат „Греота, ја остави мажот“ – а јас велам „победничката, се спаси од будала“



Секој крај означува почеток на нешто ново, а секое раскинување со себе носи важни лекции кои не водат до посреќни патишта во идните врски.


Нема потреба да очајувате на крајот од едно поглавје во животот, бидејќи секое ново поглавје има потенцијал да биде подобро и поисполнето – ако сме доволно мудри да препознаеме што треба да промениме. Исто како и јас бев таа личност која беше цел на негативни коментари и сожалување.

Поминав низ период кога околината и општеството ме гледаа со осуда, обвинувајќи ме дека сум лоша сопруга, дека не можам да го зачувам бракот или дека не успеав како домаќинка. Меѓутоа, не ме нарекоа само со тие имиња, туку и ме сожалија.


Две работи се особено тешки за една жена: да се чувствува девалвирано или да биде сожалувана. Сепак, жените поседуваат огромна внатрешна сила и способност да ги надминат сите пречки. Нашата сила не треба да предизвикува сожалување, туку инспирација за другите. Ова е потенцијалот на секоја жена. Секоја негативна ситуација, секоја повреда, секое предавство може да се користи како гориво за раст и постигнување подобро јас, како и предизвик за сите оние кои не нè ценат.
Текстот продолжува на следната страна

Страни: 1 2