Сите го фрламе талогот од кафето, а не треба! Еве зошто може да ни помогне



Многу од нас го започнуваат денот со чаша кафе, но по пиењето од кафето останува талогот, кој обично се исфрла.


По исфрлањето на талогот во ѓубрето, тој се разградува и испушта метан, исто како и други органски производи.

Затоа тој може да се користи за растенија кои ја претпочитаат киселата средина, како доматите и морковите. Ако не сакате во вашиот двор да се шетаат мачки, ставете од сушениот талог во тревата.


Смесата од талогот со пире од свежо авокадо, е одлична маска за лице. Ако сакате да се ослободите од мирисот на кромид или лук во рацете, истријте ги со кафе.

Со помош на талогот од кафе можете да си приготвите прекрасен анти-целулитен пилинг. Треба само да го измешате со малку цимет, шеќер или мед.


Од талогот може и да замрзнете во фрижидер и секогаш кога ви треба, да ви е при рака. Кафето прекрасно ги отстранува маснотиите и нечистотиите од чиниите и тенџерињата.

Кафето е добро средство за прогонување на мравки, полжави и ларви. Можете да го користите и како боја за облека. Ако чевлите ви мирисаат непријатно, ставете пакетче со талог од кафе, за да се ослободи мирисот.