
На Симона и е потребна нашата помош. Се надевам нејзината приказна ќе ве натера да и помогнете:
„Дијагнотизирана сум со friedreich’s ataxia веќе 15 години. Родена сум како седум месечно бебе и поминато 20 дена под надзор од доктори во болница без инкубатор. Растев како сосем здраво дете до 8 години се додека на истата возраст пднав од точак и се здобив со силен удар на главата. Неколку месеци по падот, ме дијагностизираа со дијабетес и friedreich’s ataxia. Со тек на годините како растев почнав да губам рамнотежа и одење со помош. Веќе 6 години употребувам инвалидска количка како превозно средство. Имам одлична меморија и одличен вид.. Имам осет на цело тело. Многу добро работам на компјутер иако имам тешкоти со третиот и четвртиот прст на двете раце. Сама јадам, а не можам да пишувам. Имам тешкоти во говорот, бавно зборење и замор, но можам да комуницирам со луѓето. Понекогаш со помош можам да застанам на нозе, но немам рамнотежа дури ни при седење. Исто така со години имам сколиоза во долниот дел кај карлицата и колкот речиси 90%.“, се вели во молбата н Симона.