Силните жени се борат …



Силните жени се борат со паметен ум, грациозен став, непопустлив карактер со племенита енергија.
Силните жени се борат,
Најпрво се гасеници, па подоцна пеперутки.
Болката ја посматраат како преобразување кое ги претвара во војници.
Се издигаат кон небото како цвет, кој не престанува да расте поради тропските дождови.
Поставуваат темели за своето царство, како пчели вредни.
Тагата ја претвараат во моќ.
Му се смеат на стравот затоа што го наполниле пиштолот за секое чудовиште што искача од темницата.
Неуспехот не ги поразува, туку им дава крила.
Никому не даваат право над нив, затоа што знаат и веруваат дека туѓото мислење не може да ги поремети.
Силните жени се борат.
Со хумани допири и нежни искрени погледи. Оштроумни говори, исправни мисли. Добри дела.
Силните жени се силни жени затоа што знаат кој се и што сѐ –
Затоа одредуваат правила,
Затоа држат стандарди.
И баш затоа на силниот жени не им можеш ништо.
Ако си морално или карактерно слаб.


Автор: Дејан Велевски