Силните жени плачат сами …



Силните жени плачат сами …
Силните плачат сами.
Не викаат.
Во грб не забиваат нож.
И не се поклонуваат на никого.


Тие го владеат светот,
без да ја губат душата.
Но, одат и трчаат
само напред и натаму!

Иако вечниот страв.
Иако секоја измама.
Никој не може без нив.
Рамо за силните нема.


Тие знаат како да простат,
како на доброто да му служат.
Тие не погледнуваат наназад.
И не зборуваат непотребно.

Тие се ненадејни искри
од небесата донирани.
Нивната волја твори
нови, непознати универзуми.


Иако целата освета
и доживотната завист,
уште го влечат својот крст
и до бескрај подаруваат.

Тагата не ги ломи,
ги прави семоќни.
Силните плачат сами.
Но, времињата се враќаат.

Автор: Веселина Атанасова