Силната жена знае …



Силната жена знае што сака.
Таа не дозволува никој да и кажува како да живее, какви избори да прави, кого да сака.


Силната жена што e да си силна.
Таа не влегува во улогата на жртва и не го бара својот спасител. Бидејќи знае дека принцовите на бели коњи ги нема. Има само мажи, кои влегуваат во оваа улога, за да и се додворуваат …

Силната жена знае што е да ризикуваш.
Таа не се плаши да се фрли со главата напред, без да бара гаранции и безбедност. Бидејќи верува во себе и во својата проценка.


Силната жена знае да ги признае грешките.
Таа не се срами од погрешните одлуки, бидејќи знае дека грешни одлуки нема. Има само различни патишта кон иста цел – тоа да го живееш сопствениот живот и да ги учиш своите лекции.

Силната жена знае што е да се посветиш.
Таа не го дава срцето на секој, но кога тоа го направи, се раздава целосно без инхибиции и без да пази ништо за себе.

Страни: 1 2