Сигурно и вие цел живот ја имате погрешно чистено вашата рерна. Еве како треба да ја исчистите



Ќе го објасниме целиот процес на чистење во два едноставни чекори: Првиот е за самата печка, а втората за нејзиниот прозорец.

Вие ќе треба да ги следите за да ја исчистите печката добро. Се што ви треба е: сода, вода, спреј шише, мал сад, оцет и крпа.


1. Извадете ги полиците на рерната

2. Направете мешавина со помош на неколку лажици сода бикарбона во комбинација со малку вода. Смесата се става во сад. Целта при изготвувањето на оваа мешавина е да се добие паста, која лесно може да се нанесе врз површините кои имаат потреба од чистење.


3. Намачкајте ја целата смеса од внатрешната страна на рерната. Содата бикарбона треба да стане кафеава.

4. Оставете ја рерната на тој начин за една ноќ. Треба да минат дванаесет часа, за да може содата бикарбона да проработи како магија за чистење.

5. Следниот ден: Земете влажна крпа и отстранете ја содата бикарбона.

6. Ставете малку оцет во спреј шише и напрскајте ја површината, каде има остатоци од сода бикарбона.

7. Избришете со влажна крпа.

8. Ставете ги полиците во своето место.

9. Подсушете ја рерната. Одберете ниска температура и оставете ја да се исуши за најмалку 15 минути.

Чистење на прозорецот на рерната

1. Измешајте сода со малку вода, за да се добие густа тестна мешавина.

2. Нанесете ја пастата врз прозорецот на рерната.

3. Оставете да делува во текот на половина час.

4. Користете крпа за да ја исчистите.

Резултатите ќе ве воодушеват!