Сигурен лек против стрес



Хроничниот замор може да е предизвикан од многу нешта, од кои едно е недостатокот на магнезиум во организмот.


Магнезиумот е минерал кој никако не смее да биде потценет. Тој позитивно влијае врз тонусот, самодовербата и нашето расположение.

Во ренесансата се применувал како лек за проблеми со уринарниот систем, но подоцна се пронајдени и други негови својства, кои се од огромно значење.


Така на пример, магнезиумот спроведува широк спектар на биолошките функции, како што се:

* Вообичаеното функционирање на мускулите и нервниот систем
* Нормалното одвивање на метаболизмот и производството на енергија
* Нормалната апсорпција на протеините, јаглените хидрати, мастите
* Служи како основна составна единица за синтезата на РНК и ДНК
* Учествува во процесот на фисија на клетките
* Учествува во формирање на ‘рскавицата и колагенот како важен градивен протеин
* Учествува во формирањето на имунолошката заштита, и влегува во синтезата на анти-тела и на природниот интерферон (важна анти-вирусна молекула)
* Придонесува за одржување на нормална состојба на забите, кожата, ноктите, коските
* Прекусор е на невротрансмитерите како серотонин


Во студената сезона особено важно е да се земаат доволно витамини и минерали, за да се заштитиме од настинки, депресивни состојби и лошо расположение, најчесто покрај намалувањето на денот.

Од друга страна магнезиумот може да се нарече “антистресов” елемент, поради својството да ја регулира јачината на реакцијата на организмот при одредена агресија: студ, кавга, ненадеен силен шум, итн.

Колку поголем е недостатокот на магнезиум, толку човекот станува чувствителен, нервозен и загрижен.