
Си допрел ли брат…
си пипнал ли
женско тело
што на допир се ежи?
Па секое влакненце
се издига нагоре
ко мини вулканска ерупција.
А ти со прстите минуваш
насекаде по неа
впивајќи ја врелата лава.
Го разбираш ли јазикот
на ежењето?
Си допрел ли
те прашувам
женско тело
додека трепери?
Од центарот на душата
нанадвор
како бранови
на разбеснет океан
а ти како искусен морнар
пловиш по нив вешто…
го разбираш ли јазикот
на треперењата?
Си допрел ли
те прашувам
женско тело што воздивнува?
На твоите нежни зборови
одговара со тивко ехо
на воздишки
испрекинати и сочни
како зрела лубеница
а ти како детиште ги зариваш
забите во срцевината
размачкан до уши
од слаткиот сок
го разбираш ли брат…
го разбираш ли
јазикот на воздишките?
Автор: Драган Таневски