Вакцината овозможува само привремен имунитет…
Како што постојат четири крвни групи, А,Б, АБ и О така постојат и Рх фактори кои можат да бидат позитивни или негативни. Повеќето луѓе имаат позитивен Рх фактор. Тоа значи дека имаат антиген на црвените крвни зрнца за Рх факторот. Луѓето кои го немаат тој антиген се Рх негативни.
Коф Рх негативната крв е изложена на Рх позитивната, Рх негативната почнува да произведува антитела. Проблемот е кога Рх негативна трудница носи Рх позитивно дете, бидејќи тогаш нејзината крв создава антитела кои можат да го нападнат позитивното дете, бидејќи нејзината крв тогаш создава антитела кои можат да ги нападнат црвените крвни клетки. Ова може да предизвика низа последици за детето како што се анемија, жолтица и други проблеми поврзани со крвта.
Добрата вест е дека РХ некомпатибилност може да се спречи и лекува. Како дел од редовната контрола на трудниците им се тестира крвта на Рх фактор, како и на присутност на Рх антитела. Ако се присутни антитела, мајката во некој перид од животот била изложена на Рх позитивна крв и нејзиното тело веќе има антитела антитела за Рх факторот. Тоа изискува третман против Рх некомпатибилност.
Фото:123rf