Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?



Дали некогаш сте се запрашале што значи кога ќе ви затрепери горниот лев капак на окото или десното уво? Веројатно да, но ако не сте се запрашале досега, можеби отсега ќе почнете да ги поврзувате овие случајни вибрации на телото со некои посуштински значења.


Како што постојат објаснувања за многу појави на човековото тело кои ги смислиле нашите предци, така се создале и овие народни верувања. Интересно е дека луѓето ги поврзуваат овие обични секојдневни појави со претскажувањето на иднината.

Не знаеме од каде потекнува овој „Треперник“, но за оние кои веруваат во вакви работи, следува листа на значења поврзани со затреперувањето на различни делови од телото.


Врвот на главата: Ќе добиете син.
Задниот долен дел од вратот: Ќе дојде некој странец и ќе ви донесе подароци.
Темето од десната страна: Ќе бидете судија.
Темето од левата страна: Убаво ќе се забавувате со пријателите.
Челото: Ќе чуете лоши вести, но нема да предизвикаат некоја голема штета.
Тилот: Ќе чуете лоши вести кој ќе ве растажат, но потоа повторно ќе се радувате.
Челото во делот помеѓу очите: Ќе одите на пат и добро ќе си поминете.
Черепот над десното око: Чувајте ги парите што ќе ги добиете.
Черепот над левото око: Сè што сте си замислиле ќе ви се оствари.
Десното уво: Ќе чуете добра вест.
Левото уво: Ќе чуете лоша вест.
Ако ви зазуи десното уво: Очекувајте добри вести и веселба.
Ако ви зазуи левото уво: Лоши вести ќе ви донесат тага.

Страни: 1 2 3